Бонучи останува во Јувентус
Фудбалерот на Јувентус Леонардо Бонучи ќе остане во Торино до 2019-та година.
Шампионот на Италија објави дека во вторник ќе организира конференција за медиумите на која соработката со моќниот дефанзивец официјално ќе биде продолжена.
Бонучи во 2010-та година пристигна во Јуве од Бари, одигра 225 натпревари и псотигна 14 погодоци.
Со славната „Стара дама“ освои четири титули од Серие А, националниот куп и два наслова во Суперкуп на Италија.
Бонучи кариерата ја започна во Интер, а има играно и за Тревизио, како и за Пиза.
За фудбалската репрезентација на Италија настапуваше 47 пати и постигна 3 гола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа