Познати двојките за 1.коло во Серија А

 

Новата сезона во Серија А, започнува на 23. август. А во првото коло шампионот Јувентус на домашен терен ќе го пречека Удинезе, Рома оди на гости кај Верона, Интер пред своите гледачи ќе игра против Аталанта, а највозбудлив се очекува да биде дуелот меѓу Фиорентина и Милан.

Интересен момент од првото коло е дуелот на Џенова против Палермо, тимови за кои настапуваат двајца македонски интернационалци, Горан Пандев во Џенова односно Александар Трајковски во Палермо.
 
Што се однесува до првиот дел од сезоната, веќе во второто коло Рома ќе го пречека Јувентус на „Олимпико“, а во третото коло се игра миланското дерби меѓу Милан и Интер. 
 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега