Кадетите подобри од Бугарија

 

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години во Самоков во пријателски натпревар славеше победа над врсниците од Бугарија со резултат 63-57.

Избраниците на Владимир Мирковски  во третиот контролен меч во рамките на подготовките за настап на ЕП во август во Софија успеаја да ја извојуваат првата победа против Бугарија.

По лошата игра во првите две четвртини кои кадетите на Бугарија ги добија 35-27, следуваше одлично второ полувреме на Македонија, во третиот дел со 17-12 успеава да го намалиме водството на противникот на само да поени за потоа решавачака четврта делница да ја добиеме со 19-10 за конечен триумф.

Предвоник на црвено жолтите до триумфот беше бекот Јанев со 24 постигнати кошеви одлично одигра и Јовановски со 14 поени и 6 скока.

Истите ривали во Самоков ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. По вториот дуел во Самоков, нашите кадети заминуваат за Букурешт на пријателски дели со Романија и Израел.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега