Перез прави зделка на деценијата
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ќе ангажира засилување кое ќе донесе огромен профит.
„Галактикоси“ наскоро би можеле да го донесат фудбалерот на Гванжу, Лин Лиангминг.
Овој 18-годишен играч би станал првиот Кинез во дресот на шпанскиот гигант.
Кинескиот фудбалер наскоро би можел да потпише петгодишен договор, а вредноста на трансферот би изнесувала 240 илјади фунти, пишуваат светските медиуми.
Лин во првата сезона би играл за младинскиот тим на Реал Мадрид.
Ова на тимот од „Сантијаго Бернабеу“ би донело огромен профит, како од продажбата на дресови во официјалните продавници во Кина, така и од продажбата на ТВ правата на кинеските телевизии.
Претседателот на Реал договорил соработка со интернет продавницата „Али Баба“, која би ги продавала во милионски број дресовите на тимот од Мадрид. Според некои информации дури 600 милиони Кинези купуваат преку овој интернет сајт.
Ќе видиме како младиот Кинез ќе се снајде во шпанската лига, а што се однесува до профитот, тој е загарантиран.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа