Ван Гал поради сопругата нема да го продолжи договорот со Јунајтед
Сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед Луј Ван Гал изјави дека по истекот на договорот со англискиот тим ќе оди во пензија.
Договорот со Јунајтед е со важност до 2017-та. Нема да го продолжам, туку ќе заминам во пензија. Тоа го ветив на мојата сопруга. Немаме уште многу години заедно, а тоа е најголемата причина, изјави Ван Гал.
Холандскиот стратег призна дека веќе ја излажал сопругата.
-Кога се запознавме и кога стана јасно дека добро ни оди, јас и реков дека ќе работам до 55-та година. Меѓутоа следната недела ќе наполнам 65 и уште сум тука, вели Ван Гал.
Оцени ја веста
27.07.2015 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа