ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: По овој пад, овој фудбалер може да остане парализиран

 

Мечот од третото коло од групата помеѓу египетскиот Замалек и Леопардс од Конго на КАФ Купот на конфедерациите го одбележа страшниот пад на еден од гостинските играчи.

Се работи за фудбалерот Руди Ндеј, кој по овој пад би можел да остане парализиран.

Лекарите во Египет навистина брзо реагирале и му укажале помош на фудбалерот на Леопардс, кој со хеликоптер бил префрлен во болница.

Според пишувањата на светските медиуми тој скршил два пршлени, а има и повреди на ’рбетниот столб.

Веднаш му била извршена операција, а според информациите постојат големи шанси фудбалерот да остане парализиран.

Од Замалек порачаа дека ќе ги покријат сите трошоци за лекувањето на фудбалерот, а оние кои ги интересира, египетскиот тим го доби овој меч со 2:0.

 
 
 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега