Македонка помошен судија на финале од ЕП за жени

 

Денес со почеток во 18.40 ч. се игра финалниот натпревар од Европското првенство за жени до 19 години во Израел, каде силите ќе ги одмерат Шпанија и Шведска. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на Еуроспорт.

Во исклучително тешка конкуренција, нашата помошна судика Биљана Атанасовски обезбеди место на втор асистент судија на овој финален натпревар. Главна судика на натпреварот е Лина Лехтовара од Финска.

- За мене ова е прв финален турнир на УЕФА. Уште на самиот почеток бев пресреќна што УЕФА ми ја даде довербата да бидам дел од овој турнир. Бев максимално концентрирана од самиот почеток и го дадов својот максимум на сите четири натпревари. За мене самото делегирање во полуфиналниот натпревар помеќу Германија и Шведска претставуваше огромен успех. Конкуренцијата е навистина силна, и со оглед на тоа дека ова ми е прв настап на финален турнир, не можев ни да сонувам дека ќе дојдам до самото финале. Доцна вечерта по полуфиналните натпревари ни беше кажано кој останува, а кој си оди, и со допола спакувани торби ја добивме листата. Навистина бев изненадена и среќна кога дознав дека токму јас ќе бидам дел од финалната четворка. Би сакала да им се заблагодарам на сите колеги и сите оние кои ми помогнаа да се подготвам и да одговорам на високото темпо кое е неопходно за да се постигне ваков успех. Повторно ќе го дадам својот максимум за во најдобро светло да го претставам македонското фудбалско судење. - изјави Биљана Атанасовски за веб страната на ФФМ.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега