Првиот тренинг на Седлоски како тренер на Вардар
Новиот шеф на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски го имаше првиот работен ден како тренер на екипата.
Како што е познато, до назначувањето на тренер, Седлоски ја извршуваше функцијата спортски директор на „црвено-црните“.
-Прво сакам да упатам благодарност до раководството и до г-нот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба што ми ја дадоа. Ќе работиме максимално за да ги оствариме амбициите. Одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Сакам да му честитам на досегашниот тренер Сергеј Андреев за освоената титула. Сега ние имаме обврска да ја одбраниме, и секако да атакуваме и на другите трофеи, рече Седлоски.
Веднаш по првиот тренинг беше задоволен од сработеното и од атмосферата во екипата.
-Со многумина од играчите добро се познавам. Тука сум во Вардар од лани прво како спортски директор и сум запознаен со нивните квалитети, а со дел од нив бев и во репрезентацијата и како играч и после како тренер. Знам секој што може и колку може. Заедно со моите соработници ќе се обидеме да ја подигнеме уште повеќе формата на играчите и да влеземе подготвени во првенството. Што се однесува до засилувања, може до почетокот на сезоната да добиеме уште еден или двајца нови играчи, изјави новиот тренер на Вардар.
Инаку црногорскиот интернационалец Богдан Милиќ кој беше на проба во последните два дена, е ослободен од Вардар и нема да биде ангажиран.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа