Ракометарката Мечевска по ужасната несреќа му се враќа на ракометот

 

Ракометарката Робертина Мечевска по ужасната несреќа која и се случи му се враќа на ракометот. Таа во интервјуто за порталот Република.мк вели дека по несреќата се чувствува поубаво и дека сега поинаку ги гледа работите во животот откако неколку пати ја глдала смртта во очи

- Ко­га бев во бол­ни­ца имав те­шко­тии со ди­ше­ње­то, имав бол­ки, еден ме­сец бев во шок-со­ба. Мно­гу те­жок пер­и­од, не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. По­тоа по­ми­нав две не­де­ли на од­де­ле­ние на тра­у­ма. Имав го­ле­ма под­др­шка од мај­ка ми, од мо­е­то мом­че, мо­ја­та при­ја­тел­ка Мил­ка. Имав под­др­шка од ме­ди­у­ми­те, од мно­гу при­ја­те­ли, слу­шав и чи­тав де­ка си­те се мо­ле­ле за ме­не. И од клу­бот Вар­дар, од ре­пре­зен­та­ци­ја. Го­ле­ма бе­ше под­др­шка­та за да би­дам де­нес тоа што сум, им бла­го­да­рам на си­те што беа со ме­не и што не­се­бич­но ја да­ваа љу­бо­вта за ме­не. Му бла­го­да­рам на це­ли­от ме­ди­цин­ски пер­со­нал во Скоп­је и во Стру­га. Јас це­ло вре­ме бев свес­на, освен пр­ви­те не­кол­ку де­на ко­га бев под се­да­ти­ви. Се гле­дав, зна­ев што се слу­чу­ва, раз­го­ва­рав, но имав го­ле­ми бол­ки. Нај­го­ле­ма бла­го­дар­ност до Бог што ме оста­ви да сум жи­ва и здра­ва, што се­га сум мно­гу по­сил­на, имам мно­гу по­го­ле­ма по­зи­тив­на енер­ги­ја, што гле­дам на жи­во­тот без те­шко­тии, ми­нор­ни се си­те проб­ле­ми. Нај­важ­но е што сум здра­ва. Ам­би­ци­оз­но вле­гу­вам во овој жи­вот што ми е поб­ли­ску до Бо­га отка­ко пад­нав. Са­кам да отво­рам ра­ко­мет­ни шко­ли, не са­мо  во Скоп­је, ту­ку и во Стру­га, Ва­лан­до­во, Охрид, Де­мир Ка­пи­ја, Вев­ча­ни, мо­же­би и во Ве­лес, во гра­до­ви ка­де што е за­по­ста­вен ра­ко­ме­тот. Ќе гле­дам да би­дам се­ка­де по мал­ку, ќе по­ста­вам тре­не­ри што се про­фе­со­ри по фи­зич­ко, ќе им да­вам про­гра­ма за ра­бо­та, а ко­га ќе мо­жам ќе ги по­се­ту­вам де­чи­ња­та, вели ракометарката за Република.мк 

Таа вели дека со цело срце чека да му се врати на ракометот, како што и била целта да го освои Монт Еверест така и целта и е повторно да го облече нејзиниот дрес 

- Со це­ло ср­це са­кам да му се вра­там на ра­ко­ме­тот. Са­кам да сум по­до­бра од по­ра­но, тоа ми е цел, ка­ко што ми е цел и да го осво­јам Монт Еве­рест. Имав те­шка опе­ра­ци­ја на ’рбе­тот, имам шест шра­фо­ви и две прач­ки и тие тре­ба да се от­стра­нат за пак да за­и­грам. Ра­ко­ме­тот во­оп­што не е не­жен спорт, осо­бе­но на мо­ја­та по­зи­ци­ја, пи­кер.  До­ктор  Хри­сти­јан Ко­стов, кој ме опе­ри­ра­ше, ре­че де­ка во мај ќе ми ги из­ва­дат прач­ки­те. Ако не, ми ре­че, са­ма ќе си ги ва­дам… Ко­га слуш­на де­ка го осво­ив вр­вот од 2.258 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на на не­пол­ни че­ти­ри ме­се­ци од мо­јот пад, бе­ше во шок, не мо­же­ше да по­ве­ру­ва ка­кво чу­до сум јас. Не дај Бо­же да се слу­чи не­што со прач­ки­те, ќе оста­нам ин­ва­лид, раскажува Мечевска

За потсетување, Мечевска пред шест месеци падна од петиот спрат од својот стан во Аеродорм, од падот се здоби со тешки скршеници по целото тело. 

Целотот интервју може да го прочитате ТУКА 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега