Нов пораз за македонските кошаркари на ЕП во Австрија
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години забележа уште еден пораз на Европското првенство во Австрија. Во 4 коло од групата-Д нашата јуниорска селекција вчеравечер е совладана од Израел со 94:63.
Македонија само во првите десет минути беше рамноправен противник, а во продолжението се беше во знакот на Израел.
Во отсуство на најдобриот стрелец Ненад Димитријевиќ најефикасни кошаркари во македонскиот состав беа Робев и Србиновски со 19 односно 15 кошеви.
Со низа од четири порази, Македонија е на дното на табелата во групата Д.
Денеска „црвено-жолтите“ со мечот против домаќинот на шампионатот Австрија ја завршуваат првата фаза и најверојатно во продолжението од првенството како последно пласирана селекција во групата ќе разигруваат за пласман од 17 до 24.место.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа