ВИДЕО: Мексико го освои Голд Купот
Во финалето со Јамајка фудбалерите на Мексико славеа со 3:1 на првенството на Северна и Централна Америка и Карибите.
Мексиканците поведоа со головите на Андрес Гвардадо (30.минута), Хесус Мануел Корона (46) и Орибе Пералта (60), почесниот погодок за Јамајка е дело на Дарен Матокс на десетина минути пред крајот на средбата.
За Мексико ова беше седми трофеј откога се игра Голд Купот или вкупно десетти во историјата на КОНКАКАФ.
Јамајка во своето прво финале остана без трофеј.
Признанието МВП што се доделува за најдобар играч на купот му припадна на Гвардадо кој постигна шест голови, еден помалку од најдобриот стрелец на првенството Клинт Демпси од домашната селекција на САД.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа