Иџе го сруши рекордот на патеката во Германија

 

Македонскиот рели возач Игор Стефановски-Иџе имаше фантастично прво возење на патеката Глазбахренен во Германија.

Во првото возење Стефановски имаше време од 2:35.466 минути со што го собори неговиот минатогодишен рекорд кој го постави овде за неполни 4 секунди (2:39.460), додека неговата најголема конкуренција, Чехот Јири Лос заостанува зад него за неполни 6 секунди со време од 2:41.281.

На третата позиција во неговата група се наоѓа Мартин Јерман со време од 2:45.256.

Во текот на денот Иџе треба да се појави на стартот за второто возење, а секако повторно очекуваме добри вести од Германија.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега