Балотели во трета лига?!

 

Напаѓачот на Ливерпул Марио Балотели има понуда од италијанската екипа Лупа Кастели, која се натпреварува во третата лига.

Почесниот претседател на овој тим е Марко Амелија, некогашен соиграч на Балотели во Милан, кој сака да му помогне на својот пријател да се издигне од „фудбалското дно“.

-Сакаме во клубот да го донесеме пријателот, играчот кој мора да се прочисти себе си, бидејќи како што гледаме никој повеќе не го сака. Навивачите се против него и тој повеќе не може да го покаже своето вистинско лице, изјави Амелија кој притоа додаде:

-Мора да направи два чекори назад за да им покаже на сите кој е вистинскиот Марио Балотели.

Дали Балотели ќе ја прифати оваа понуда или не, останува да се види.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега