ВИДЕО: Јунајтед подобар од Барса, Челзи преку пенали до триумф против ПСЖ
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја совладаа Барселона со 3:1, а Челзи на пенали беше поуспешен од ПСЖ во натпревари од 3.коло во Интернационалниот куп на шампионите.
Европскиот и шпански првак Барселона во Санта Клара против Манчестер Јунајтед настапи без своите најдобри играчи Лионел Меси и Нејмар. Стрелци на головите за премиерлигашот беа Вејн Руни, Хесе Лингард и Аднан Јанузај, а Рафиња погоди за каталонскиот тим.
На дуелот ПСЖ – Челзи одигран ноќеска во Шарлот, францускиот шампион поведе преку Златан Ибрахимовиќ во 25.минута, а израмни Виктор Мозез во 65.минута. По изведувањето пенали беше 6:5 за сините од Лондон.
Табела: Манчестер Јунајтед 9 бодови (3 натпревари), Њујорк 7 (3), Лос Анџелес 7 (4), ПСЖ 7 (3), Барселона 3 (2), Клуб Америка 3 (3), Челзи 2 (2), Фиорентина 2 (2), Бенфика 1 (2) и Сан Хозе 0 (4).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа