Реал одбил понуда од 120 милиони евра за Роналдо

 

Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, првиот човек на Реал, Флорентино Перез на состанокот во Доха одбил дури 120 милиони евра за Кристијано Роналдо, понуда од страна на францускиот шампион ПСЖ.

Сопствениците на францускиот шампион лесно би ги задоволиле апетитите на Португалецот и би го направиле далеку најплатен фудбалер на светот.

Перез одбил да преговара со претставниците на ПСЖ на 4 јули, но три недели подоцна, стана јасно дека постои тензија меѓу Роналдо и новиот тренер Рафа Бенитез, иако е тешко да се поверува дека ова лето Реал би можел да се раздели од најдобриот играч на светот.

Сепак, Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ најавува дека нема лесно да се откаже од овој трансфер.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега