Конте: Македонија незгоден противник

 

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Антонио Конте искажа позитивни зборови за македонската репрезентација по ждрепката на групите за квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

- Според мене ги добивме најтешките можни противници од четвртиот и од петтиот шешир, Израел и Македонија. И средбите со Албанија ќе бидат интересни. Да не ја спомнувам Шпанија. Ова ќе биде мошне интересна група, изјави Конте. 

Македонија првпат во едни квалификации ќе игра со Италија и Албанија, а во Г-групата  уште се и Шпанија, Израел и Лихтенштајн.

Првопласираниот оди на Мундијалот, а второпласираната селекција има шанса за бараж. 

 
 
 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега