ТОП 5 најскапи трансфери во овој преоден рок

 

Најскапо платениот играч во досегашниот тек од преодниот рок е Рахим Стерлинг.

За неполн месец од отворањето на летниот преоден рок стана јасно дека англиските клубови ќе направат се што е во нивна можност да се вратат во врвот на европскиот фудбал.

А, кога не можат тоа да го направат со сопствен производ, тогаш ќе се обидат со купување на најскапите фудбалери кои се нудат на фудбалскиот пазар.

1. Рахим Стерлинг (Ливерпул – Манчестер Сити/62,5 милиони евра )

sterling-500

Апсолутен рекорд во овој преоден рок засега е младиот англиски фудбалер Рахим Стерлинг. Манчестер Сити за неговите услуги на Ливерпул му плати неверојатни 62,5 милиони евра и го направи најскапиот англиски фудбалер во историјата. Со оглед на тоа дека има само 20 години и проблематичен карактер, останува да се види дали на „граѓаните“ ќе им се исплати оваа инвестиција.

2.Кристијан Бентеке (Астон Вила – Ливерпул/46,5 милиони евра)

benteke-500

Веднаш зад Стерлинг се најде 24-годишниот Кристијан Бентеке. Белгиецот во богатиот трансфер од Астон Вила во Ливерпул е ангажиран како замена за Балотели, за кој повеќе нема место во таборот на „црвените“. Слично како Стерлинг, така и Бентеке со овој трансфер стана најскапо платениот белгиски фудбалер.

3. Роберто Фирмино (Хофенхајм – Ливерпул/41 милион евра)

fimrino-500

Повторно Ливерпул е во игра. За бразилскиот играч за врска Роберто Фирмино (23) „редси“ потрошија големи 41 милион евра. Многумина не веруваат дека Бразилецот вреди толку, но не е прв пат Ливерпул да преплати некој фудбалер.

4. Џексон Мартинез (Порто – Атлетико Мадрид/35 милиони евра)

martinez-500

Мартинез е еден од петте најскапо платени фудбалери во овој преоден рок кој не завршил во Премиер лигата. Овој 28-годишен напаѓач од Порто се пресели во Атлетико Мадрид како замена за Марио Манџукиќ кој кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Мадриѓаните за Мартинез искешираа 35 милиони евра, а претходно се спонуваше како сигурно засилување на Милан.

5. Морган Шнајдерлин (Саутемптон – Манчестер Јунајтед/35 милиони евра)

snajderlin-500

Последен од оваа листа е Морган Шнајдерлин (25) кој игра на позицијата последен играч за врска. Јунајтед за неговите услуги плати 35 милиони евра, веројатно премногу, но навивачите на овој тим се навикнаа во последно време раководството на клубот да се расфрла со пари.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега