СП 2022: Финале во непостоечки град

 

Со месеци веќе се шпекулира дека челниците на ФИФА се подмитени за да гласаат за Катар биде домаќин на Мундијалот, а корупцискиот скандал во Светската куќа ги засили намерите на многумина да тргнат во борба против Мундијалот во оваа држава.

Така, освен оние со финансиски аспект, организацијата на најголемиот турнир на светот е погодена и од други големи проблеми.

Екстремно високите температури во Катар за време на летото, кога обично се организира Мундијалот, доведе до тоа да се размислува за промена на терминот па не е нереално да за седум години најдобриот фудбал го гледаме во Зима.

 

Но, она што веројатно е најфасцинантен факт во врска со СП во Катар е тоа што градот Лусаил во кој ќе биде одиграно финалето сеуште не постои. Лусаил дури допрва треба да биде изграден и сместен на брег, на северниот дел од Ал Дајен. Ќе се простира на 35 километри квадратни и ќе биде дом за 260.000 луѓе.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега