Емирати Куп: Арсенал го прегази Лион (ВИДЕО)
Премиерлигашот Арсенал со убедливи 6:0 го совлада францускиот претставник Лион во вториот натпревар од 1.коло на меѓународнуот турнир „Емирати Куп“.
Стрелци на головите за Арсенал беа Жиру, Чемберлејн, Ивоби, Ремзи, Озил и Казорла.
На првиот дуел од 1.коло, шпанскиот тим Виљареал го совлада Волфсбург (Германија) со 2:1.
Овој турнир е специфичин по начинот на бодување. Покрај трите бода за победа, екипите добиваат и по еден бод за секој постигнат гол.
Табела: Арсенал 9 бодови, Виљареал 5, Волфсбург 1, Лион 0.
Денеска играат Лион против Виљареал, со почеток во 15 часот и Арсенал против Волфсбург со почеток во 17:20 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа