Фелипе Мело пред трансфер во Интер
Фелипе Мело, поранешен фудбалер на Јувентус и не баш омилен кај навивачите на италијанскиот шампион, е на чекор до враќање во Серија А и тоа во екипата на Интер, која е директен конкурен за титулата на неговиот поранешен клуб.
Бразилскиот интернационалец, кој го сметаа за големо промашување во Јувентус, а беше донесен за 25 милиони евра од Фиорентина, по неколку години поминати во Галатасарај се враќа во италијанскиот фудбал.
Сегашниот тренер на Интер, Роберто Манчини и Мело заедно соработуваа во турскиот тим. Италијанецот добро ги познава неговите фудбалски квалтети. Тој има договор со Галатасарај до наредното лето, а Интер му нуди двегодишен договор и заработка од околу три милиони евра.
Фелипе Мело нема намера повеќе да остане во Галатасарај и според италијанските медиуми, Бразилецот веќе им кажал „Да“ на „неро-азурите“.
Интересно е тоа што двата клуба (Галатасарај и Интер) имаат закажано пријателски натпревар во Истанбул на почетокот од август, а до тогаш би требало оваа работа да биде завршена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа