ВИДЕО: „Бомбата“ на Мексес со која Милан го совлада Интер
Милан го совлада Интер со 1:0 на пријателски меч одигран во рамките од Интернационачниот куп на шампионте во Шенжен, Кина.
Единствениот гол беше дело на дефанзивецот Филип Мексес, кој по нафрлувањето од корнер од страна на Бонавентура, испрати вистинска „бомба“, а голманот на Интер Карицо беше немоќен.
Роберто Манчини и Синиша Михајловиќ мечот го започнаа со комбинирани состави, а во второто полувреме направија по 11 измени кога влегоа и звучните имиња.
Во рамките на Интернационалниот куп на шампионите Интер на 27-ми јули игра против Реал Мадрид, додека средбата помеѓу „Кралевите“ и Милан е закажана за 30-ти јули. Сите средби се играат со почеток во 14:00 часот по средноевропско време.
Состави:
МИЛАН: Лопез, Алекс, Де Шчиљо, Ели, Калабрија, Де Јонг, Поли, Бертолачи, Хонда, Матри, Нијанг.
Второ полувреме: Абиати, Мексес, Бонавентура, Запата, Монтоливо, Маури, Антонели, Ночерино, Бака, Луиз Адриано, Палета.
ИНТЕР: Карицо, Нагатомо, Сантон, Андреоли, Димарко, Таидер, Педро Делгадо, Балдини, Гнокури., Лонго, Попа
Второ полувреме: Берни, Д’Амброзио, Брозовиќ, Кондогбија, Хернанес, Икарди, Гуарин, Ковачиќ, Паласио, Ранокија, Жуан.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа