Шпанија и Италија на „Филип Втори“, Македонија ги доби противниците за СП 2018

 

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за пласман на Светското првенство кое во 2018-та ќе се одигра во Русија.

Ждрепката сакаше Македонија да се најде во Групата Г со две мега селекции, поранешните светски прваци Шпанија и Италија.

Селекцијата на Шпанија на 8-ми септември гостува во Скопје, но во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција кое ќе се одигра следната година. Првиот меч на гостински терен го загубивме со 5:1.

Шпанија го освои Светското првенство во 2010-та година.

Уште една репрезентација која до последното место ќе ја наполни Арената „Филип Втори“ е Италија. „Аѕурите“ исто така се поранешни светски прваци, а во нивните витрини имаат четири пехари од Мундијалите и тоа 1934., 1938., 1982. и 2006-та.

Селекцијата на Италија за прв пат ќе гостува во Скопје.

Останатите селекции кои се во нашата група се Израел, Албанија и Лихтенштајн. Може слободно да заклучиме дека Македонија доби атрактивна и супер тешка група за квалификациите за Мундијалот во 2018.

Група Г

Шпанија

Италија

Албанија

Израел

МАКЕДОНИЈА

Лихтенштајн

52-те репрезентации се распоредени во седум групи со по шест и две групи со по пет учесници.

 Пласман на СП обезбедуваат победниците во групите, и четири второпласирани преку баражи.

Квалификациите ќе почнат на 4 септември идната година.

Ова се составите на сите групи

grupi-500

grupi2-500

 

 
 
 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега