ВИДЕО: Касиљас не се прослави на дебито за Порто
Легендарниот голман по 25 години во Реал Мадрид се пресели во Порто, каде не се прослави на дебито.
Шпанецот во поразот на Порто од Борусија Мехенгладбах лошо реагираше при двата гола на противникот.
Најнапред Ларс Штиндс од петнаесетина метри му ја испрати топката покрај поблиската статива, а потоа ужасно реагираше при шутот на Ибрахим Траоре.
Ако при првиот гол Касиљас беше потполно немоќен, кај вториот сигурно дека можеше подобро.
Оцени ја веста
25.07.2015 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа