Македонија протв Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна - што велите за ваква група на Мундијалот?

 
Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе ги дознае противниците во квалификацсиката група за Мундијалот во Русија 2018.
 
Пред жрепката закажана за 17 часот во Санкт Петербург, нашата репрезентација се наоѓа во петтиотшешир“ каде што се и селекциите на Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија и ниту една од нив нема да биде во групата со Македонија.
 
Она што е интересно е што жребот може во една група да ги смести сите земји од поранешната СФРЈ. Па групата би можела да изгледа вака
Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора (или Словенија) и Македонија
 
Во првиот „шешир“ се носителите, светскиот првак Германија, Белгија, Холандија, Португалија, Романија, Англија, Велс, Шпанија и Хрватска.
Вториот „шешир“ го сочинуваат Словачка, Австрија, Италија, Швајцарија, Чешка, Франција, Исланд, Данска и Босна и Херцеговина.
Во третиот шешир се наоѓаат: Србија, Украина, Шкотска, Полска, Унгарија, Шведска, Албанија, Северна Ирска и Грција.
 
Репрезентации сместени во четвртиот „шешир“: Турција, Словенија, Израел, Република Ирска, Норвешка, Бугарија, Фарски Острови, Црна Гора и Естонија.
 
Шести „шешир“: Казахстан, Луксембург, Лихтенштајн, Грузија, Малта, Сан Марино и Андора.
 
52-те репрезентации ќе бидат распоредени во седум групи со по шест и две групи со по пет учесници. Пласман на СП обезбедуваат победниците во групите, и четири второпласирани преку баражи.
 
Квалификациите ќе почнат на 4 септември идната година.
 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега