Во Индонезија на петмина фудбалери на Рома не им беше дозволен влез во државата
Фудбалскиот клуб Рома во Индонезија во петокот вечерта беше пречекан со овации и воодушевување на љубителите на фудбалот, но таа атмофера не ги импресионираше многу службениците на „емиграцијата“ кои на аеродормот одбобруваат, или одбиваат влез во Индонезија. Дури петмина фудбалери на Рома беа запрени на граничниот премин, бидејки имале пасоши од држави со кои Индонезија сеуште има визен режим, а тоа не го знаело раководството на клубот.
Наместо да се сретнат со егзалтираните фанови во Џакарта, Сејдон Думбиа, Жервињо, Виктор Ибарбо, Адем Љајиќ и Антонио Санабриа мораа да го чекаат првиот авион што заминува. Имале среќа, бидејки неколку часа по одбивањето влез во Индонезија тие беа качени во авион кој летал за Рим.
Рома се наоѓа на предзавршните подготовки на клубот во Австралија и Азија. Пред започнувањето на натпреварите во Серија А, Рома во Австралија го победи Реал Мадрид, а загуби од Манчестер Сити.
Менаџерот на Рома Итало Занси, иако призна дека бил лут на аеродромот, го прогласи пречекот на неговата екипа во Џакарта за настан кој бил најубава глетка што тој воопшо ја доживеал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа