Прв пораз за Македонија на ЕП за ракометарки до 18 години

До конечните 31:21 младите Германки стигнаа со агресивна игра во последните 15 минути, период кога Македонија имаше големи проблеми со реализацијата, а противничките преку полу-контри и контри беа прецизни.
На другиот дуел од 2.коло во Б-групата Русија – Литванија 41:17.
Македонија по две кола на Европското првенство што се игра во Шпанија има една победа и еден пораз.
Табела: Русија 4 бодови, Германија 2, Македонија 2, Литванија 0.
Утре во последното коло од групата, Македонија игра со Русија.
Оцени ја веста
25.07.2015 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа