ФИФА го објави распоредот за СП 2018 во Русија

 

ФИФА во пресрет на утрешната жрепка од квалификациите за СП 2018 во Русија, го објави распоредот, односно планот за одигрување на натпреварите по градови.

Од приложеното може да се види дека првенството ќе започне на 14 јуни во Москва на стадионот Лужники, каде што ќе се игра и завршниот меч на 15 јули 2018 г.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во Казан, Нижни Новгород, Сочи и Самара, додека полуфиналните дуели се на програмата во Москва и Санкт Петербург.

Воедно ФИФА го објави и терминот за „Купот на конфедерациите“ којшто ќе се игра од 17 јуни до 2 јули 2017 г. исто така во Русија. Досега сигурни учесници на Купот се домаќинот Русија, Германија, Јужна Кореја и Чиле.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега