Продадени 22.000 билети за финалето на ЕП во кошарка

 

Претседателот на француската кошаркарска федерација Жан Пјер Сиутат денеска соопшти дека на четириесет денови пред почетокот на ЕП во кошарка, чија што групна фаза ќе се игра во четири држави, се продадени 22.000 билети за финалето во Лил.

-Наша цел е да продадеме 27.000 билети и се надевам дека Франција ќе стигне до финалето, изјави Сиутат.

Европското првенство започнува на 5 септември, групната фаза ќе се игра во Загреб, Рига, Монпеље и Берлин, а Лил е резервиран за плеј-оф натпреварите. 
Македонија своите натпревари ќе ги игра во Загреб.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега