Грција со најсилниот состав против Македонија на ЕП во кошарка
Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација Фоцис Кацикарис го објави списокот на 15 играчи за претстојното Европско првенство.
На списокот се наоѓа и Василис Спанулис, кој се врати во националниот тим, а тука е уште еден повратник-Стратос Перпелоглу, новиот играч на Барселона.
На списокот е и НБА триото – Костас Куфос, Костас Папаниколау и Јанис Антетокоунмпо.
Список на селекцијата на Грција: Никос Зизис (плејмејкер/Бамберг), Василис Спанулис (бек/Олимпијакос), Ник Калатес (плејмејкер/Панатинаикос), Костас Слукас (плејмејкер/Фенербахче), Вангелис Манцарис (бек/Олимпијакос), Костас Папаниколау (крило/Денвер), Јанис Антетокоунмпо (крило/Милвоки), Костас Куфос ( центар/Сакраменто), Владимир Јанковиќ (бек/Панатинаикос), Стратос Перпероглу (крило/Барселона), Јоргос Принтезис (крилен центар/Олимпијакос), Димитрис Аграванис (центар/Олимпијакос), Костас Кајмакоглу (крилен центар/Уникс), Јанис Борусис (центар/слободен играч), Зизис Сарикопулос (центар/АЕК).
Европското првенство почнува на 5-ти септември, а кодомаќини се Хрватска, Франција, Германија и Латвија. Македонија своите мечеви од групната фаза ќе ги игра во Загреб, а првиот натпревар го играме токму против Грција на првиот ден од Европското првенство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа