Се повеќе се намалуваат платите во Грција
Платите во Грција се намалени за 10,1 отсто за само една година, од првиот квартал на 2012 до истиот период годинава, пренесе МИА.
Откако е во сила програмата за штедење, од првиот квартал во 2010 година, платите опаднале за 22,3 отсто, покажуваат податоците што ги објави Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Податоците не се однесуваат на платите во примарниот сектор, во здравството, образованието и јавниот сектор во целина.