ВИДЕО: Стравична несреќа во Ф1: Болидот на Перез целосно уништен

 

Возачот на екипата Форс Индиа, Мексиканецот Серхио Перез доживеа тешка несреќа на денешниот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.

Перез во еден момент загубил контрола и се забил во заштитната ограда. Тој потоа неколку пати се преврте во воздух, а делови од неговиот болид се растурија по патеката.

Мексиканскиот возач потоа излезе неповреден од болидот.

- Патеката на едно место беше многу валкана и лизгава и затоа изгубив контрола над еден дел од болидот. Не верувам дека се работи за дефект како што некои претпоставуваат, изјави Перез.

Болидот е целосно уништен, а Перез рекол дека е подготвен за следниот тренинг.

- Болидот е прилично уништен, но се надевам дека ќе се опоравам до наредниот тренинг, кажа возачот на Форс Индија.

Квалификациите ќе се возат утре, додека трката е на програмата во недела.





 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега