УЕФА повторно ја казни Барселона
УЕФА ја казни Барселона поради политичките транспаренти истакнати за време на финалето од ЛШ во Берлин.
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Барселона со 30.000 евра поради неспортското однесување на навивачите за време на финалниот меч од ЛШ одигран во Берлин.
Фановите на Барса на тој меч истакнаа знамиња на Каталонија, што УЕФА го смета како политичка порака.
Барселона во финалето го совлада Јувентус со 3:1 и по петти пат ја освои Лигата на шампионите.
Како што е познато, пред неколку месеци УЕФА ја казни Барселона со суспензија за вршење трансфери во два преодни рока поради неправилности направени при ангажирање на млади фудбалери.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа