Јунајтед во нов обид да го донесе Роналдо
Според британските медиуми Манчестер Јунајтед повторно ќе се обиде да го ангажира Кристијано Роналдо.
Португалецот е голема желба на челните луѓе на Манчестер Јунајтед, но и тренерот Луј Ван Гал.
Британските медиуми објавија дека Јунајтед и ПСЖ постигнале договор за Ди Марија, кој се сели во Париз за сума од 65 милиони евра.
Овие пари, но и дополнителна сума ќе бидат искористени за нова понуда до Реал Мадрид за Кристијано Роналдо.
Португалецот неколку пати изјавуваше дека останува во Мадрид, но во изминатите неколку денови се појавија снимки од тренинзите во кои се гледа како Роналдо изразува незадоволство од работата на новиот тренер Рафа Бенитез.
Португалецот играше за Манчестер Јунајтед од 2003-та до 2009-та каде израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа