Анхел Ди Мариа се сели во ПСЖ
Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија во новата сезона ќе го носи дресот на францускиот ПСЖ!
Манчестер Јунајтед и ПСЖ и официјално постигнале договор за трансферот на 27-годишниот Аргентинец, откако Јунајтед ја прифати понудата од парискиот клуб вредна 65 милиони евра.
Во моментов двата тима се наоѓаат на подготовки во САД, а се очекува Ди Марија многу скоро официјално да биде претставен како играч на ПСЖ.
Аргентинскиот ас го напушта Манчестер по само една сезона. Тој минатото лето дојде за 60 милиони фунти на „Олд Трафорд“ од редовите на Реал Мадрид, но имаше многу лоша година, каде што на 27 натпревари постигна само три гола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа