Ангеловски: Ја остваривме целта
Работнички ја совлада Јелгава со 2:0, резултат што беше доволен за пласман во третото коло од квалификаците за Лига Европа и двомеч со турскиот гигант Трабзон.
Изјава за медиумите по мечот даде Игор Ангеловски тренерот на Работнички: - Среќен сум што остваривме уште еден историски пласман. Бев самоуверен пред натпреварот, еве видовте и денеска какви фудбалери имам. Секогаш во изминативе две години излегуваме како победници. Ова за нас е огромен успех, без разлика како одигравме. Уште на првиот натпревар имавме шанси да извлечеме поволен резултат, но еве и на реваншот беше доволно за да минеме понатаму, изјави Ангеловски.
- Искрено не размислувавме за Трабзонспор, ова за нас беше меч од историско значење. Тоа е тим кој секогаш во врвот на турскиот фудбал, рамо до рамо со гигантите како Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ. Има екстра играчи како Оскар Кардозо, Босингва и други. Работнички кога не е фаворит секогаш игра подобро. Очекувам подобра игра, не дека ова е закана за Трабзонспор, но ние подобро играме кога сме без притисок, заврши тренерот на Работнички.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа