Во Неретва уловена една од најретките риби во светот

 

Рибар од Неретва уловил риба од „црвената листа“ на загрозени животни, пишува порталот „Блјесак“.

Се работи за Томислав Лимов од Габела, кај Чапљина кој прво помисли дека се работи за ајкула, а потоа дознал дека неговиот 55 сантиметри долг улов всушност е „паклара“, многу загрозен и редок вид на риба.

„Пакларата“ нема вилица, туку постојано отворена уста со пипци и заби кои се прилепуваат за својата жртва и и ја цицаат крвта, а за повеќе од 500 милиони години овој вид не претрпел многу промени.

 

најчитано сега