Кувелис: Предвремени избори - тоа е целта на Самарас
Политичката криза што настана во Грција се должше на фактот што грчкиот премиер Андинис Самарас сакаше да ја доведе земјата до предвремени избори, изјави лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис за „Антена 1“.
Медиумите оваа изјава на Кувелис ја коментираат како контраофанзива на лидерот поради упатените прекорувања кон него за одлуката да се повлече од Владата.
Кувелис тврди уште дека лидерот на другиот партнер во Владата - социјалистичката партија ПАСОК, Евангелос Венизелос се согласил да остане во Кабинетот и дека целта на останатите две сили била да се отстрани малечката партија ДИМАР од трипартиската коалиција, бидејќи претставува проблем при остварувањето на нивните планови.
ФОТО: Денешен