Пратка со бомба откриена во пошта во Грција

 

 

Денеска откако веќе една експлозија одекна во Грција, грчките сили за борба против тероризмот деактивираа пратка со рачно изработена експлозивна направа во филијала на грчката пошта во Атина, пишува весникот „Та неа“. 

Експлозивната направа се активирала, откако пратката паднала на земја, но за среќа не експлодирала.

Пратката е испратена од приватно лице и таа била адресирана на поранешен висок полициски офицер.

ФОТО: Нетпрес

 

најчитано сега