Се фрлиле од воз за да не стигнат во Скопје - двајца крвави велешани завршија во болница

 

Двајца велешани скокнале од воз во движење, бидејќи сфатиле дека возот не оди кон Гевгелија туку кон Скопје. 

Вчера наутро околу 6:30 часот, двајцата велешани К.М. (21) и М.А. (41), отишле на вечешката железничка станица за да фатат воз за Гевгелија, но, по грешка се качиле во воз кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје. 

Тие сфатиле дека направиле грешка, 50-тина метри од железничката станица и во паника скокнале од возот во движење. 

Велешаните заработиле потешки повреди и бил пренесени во велешката болнива, а потоа и во скопскиот Клинички центар.

најчитано сега