Србиноски нов селектор на Македонија?!

 

Марјан Србиноски ќе биде новиот селектор на Македонија, кој заедно со Заре Марковски ќе ја предводат нашата селекција на Европското првенство.

Според информациите кои ги објави „Македонски спорт“ Марјан Србиноски ќе го предводи националниот тим на претстојното Европско првенство. Во стручниот штаб ќе биде искусниот Заре Марковски, кој во МКФ ја извршува функција на спортски директор.

Србиноски му беше помошник на Марин Докузовски кога Македонија го освои исторското четврто место на ЕП 2011 во Литванија.

Оваа информација се очекува да биде потврдена во наредните неколку дена откако Управниот одбор ќе ја верифицира селекторската позиција на Србиновски.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега