Оптимизам пред стартот на ЕП дивизија Б и покрај тешката група

 

Македонската репрезетација за кошаркари до 18 години од 23 јули до 2 август ќе учествува на Европското прветсво дивизија Б во Австрија.

Пред заминувањето за Австрија на прес конференција во просториите на МКФ , селекторот Саша Димитријевиќ, капитенот Бојан Серафимов и спортскиот директор Заре Марковски истакнаа дека кошаркарите ќе дадат се од себе од Австрија да ни испратат добри вести.

Селекторот на тимот Саша Димитријевиќ, смета дека кошаркарите подготвени заминуваат на еврошампионатот и иако играме во тешка група, а системот на натпревари е напорен за десет дена девет средби, ќе се обидеме да оствариме добри резултати.

-Во Маврово одработивме исклучително квалитетни подготовки. Дополнителен квалитет на кошаркарите е и тимската хемија,тие се заедно уште од 2009 година, и костурот на репрезентацијата е непроменет. Што се однесува до самото првенство, можам да кажам дека сме во навистина силна група, со оглед на фактот дека Израел е еден од главните фаворити во А дивизија, а Данска со истата оваа генерација во У16 влезе во елитното друштво. Ќе биде тешко, но без разлика на се сме подготвени да го дадеме максимумот на секој натпревр, порача селекторот Саша Димитријевиќ. 
Слично размислува и капитенот Бојан Серафимов.

-Трениравме одлично ,физички и тактички сме добро подготвени за предизвиците кои ни престојат на прветсвото во Австрија. Ќе го дадеме својот максимум на секој дуел.Наш главен адут е тимската хемија, одлично се познаваме сите и сме добри другари. На шампионатот ќе сториме се да оствариме успех, изјави капитенот Серафимов.

Спортскиот диретор на МКФ, Заре Марковски очекува кошаркарите да дадат се од себе на првенството во Австрија.

-Очекувам кошаркарите да дадат се од себе од Австрија да ни испратат добри вести, истакна Марковски.

На ЕП во Австрија , Македонија ќе игра во Групата Д заедно со репрезентациите на Израел,Исланд, Данска, домаќинот Австрија и Ирска. Прв противник на шампионатот на 23 август ни е тимот на Данска. 
Според системот на натпревари најдобрите две репрезентации од секоја од четирите групи обезбедуваат место во четврфиналната рунда.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега