Македонија без селектор, КФМ го разреши Џикиќ!
Македонската кошаркарска федерација донесе изненадувачка одлука да му врачи отказ на селекторот Александар Џикиќ.
Одлуката доаѓа на само четириесетина дена пред стартот на Европското првенство за мое токму Џикиќ со подмладен состав успеа да обезбеди пласман.
Сега во најбрз рок МКФ треба да реагира и да назначи нов селектор кој би имал доволно време да се запознае со кошаркарите и воедно да ја подготви репрезентацијата за натпреварите од ЕП.
Во соопшението на МКФ се вели:
Македонската Кошаркарска Федерација со консенсуална одлука на Комисијата за итност и апровација на телефонски консултираните членови на Управниот Одбор:
-Го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација г-динот Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во Органите на Федерацијата, заблагодарувајќи му се за досегашната работа со Репрезентацијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа