Друловиќ: Не сакам група со балканските селекции

 

Македонската А репрезентација на ждрепката во Санкт Петербург, која ќе се одржи на 25-ти овој месец, ќе ги добие противниците во квалификациската група за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година.

Селекторот на нашата репрезентацијата, Љубинко Друловиќ вели дека е неблагодарно да се каже кои противници би сакал да ги добиеме, но посакува да ги избегнеме големите фаворити, вели дека поради нефудбалската тензија која се создава и носи дополниелен притисок, не посакува во нашата група да се најдат репрезентациите од балканските простори.

-Ќе ни треба среќа на ждребот во Санкт Петербург, пред се затоа што се наоѓаме во петтиот барабан, а тоа значи дека ќе добиеме силни противници. Би сакал да ги избегнеме големите фаворити Германија, Шпанија, Англија од првиот барабан, Франција од вториот шешир. Поради нефудбалската тензија која се создава пред и за време на натпреварите, искрено не би сакал да бидеме во група со балканските земји. Но, тоа е теорија, секој противник е тежок, би било добро кога би добиле противници со кои би можеле да се надигруваме и да се бориме за подобри резултати, вели селекторот.

Во однос на тековните квалификации за Европското првенство, предводникот на нашиот најдобар национален тим вели дека фокусот мора да ни биде натпреварот со Луксембург на 5. септември, а потоа да уживаме во спектаклот со големиот фаворит Шпанија на 8. септември во Скопје.

-Потребна ни е максимална концентрација на натпреварот со Луксембург, натпревар кој е многу важен за нас и ќе направиме сѐ за да го добиеме. Ситуацијата во нашиот табор сега е поинаква во однос на натпреварот против Словачка, подобро се познаваме со играчите, знаеме што бараме и се надевам дека тоа ќе донесе позитивни работи. Играта против Словачка во второто полувреме треба да ни биде показател за следните натпревари. Многу важно за нас како стручен штаб е играчите да бидат стандардни во своите тимови, генерално мора да имаме база во националниот тим, јас се надевам дека ќе го имаме најдоброто во екипата на септемвриските натпревари. Деновиве повторно ќе разговараме со Горан Пандев, сметам дека е идеален момент да се врати во репрезентацијата и да биде предводник на тимот. Доколку успееме во намерата да запишеме победа против Луксембург, тогаш натпреварот против Шпанија би бил вистинско уживање за сите во Македонија, изјави Друловиќ.

Превземено од ФФМ

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега