Платини ќе го замени Блатер?
Бројни светски фудбалски претседатели побараа од претседателот на УЕФА Мишел Платини да се кандидира за местото претседател на ФИФА, пренесува ББС.
Наводно зад Платини застанаа Азија, Северна и Јужна Америка, како и Карибите, но се чека одлуката на Французите.
Сеп Блатер кон крајот на мај по петти пати беше избран на претседателското место, само неколку дена по корумпискиот скандал во врвот на ФИФА.
Тогаш во Цирих беа уапсени шестмина членови на организацијата по барање на американските власти.
Блатер четири дена по повторниот избор поднесува оставка, но на чело на владејачкото тело на светскиот фудбал ќе остане до новите избори.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа