ВИДЕО: 10 години од фамозната „пречка“ на Роналдињо
Бразилскиот ас, тогаш член на Барселона, со видеото кое е снимено за време на еден тренинг практично го сруши Јутјуб.
Многумина не веруваа на она што го гледаат, тврдејќи дека е монтажа, но сепак тоа видео е вистинско.
Дали е монтажа или не, сепак ова видео ќе остане синоним за мајсториите на Роналдињо, а воедно пред 10 години стана прво видео со над 1 милион прегледи на Јутјуб.
Сега оваа цифра е мала, но во тоа време беше огромна со оглед на тоа дека видеото е поставено во октомври 2005, една година по оснивањето на Фејсбук или пет месеци пред оснивањето на Твитер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа