ВИДЕО: Општа тепачка помеѓу Англичани и Германци на пријателски натпревар

 

Пријателскиот натпревар помеѓу Лидс и Ајнтрахт Франкфурт ќе остане запаметен по неверојатните физички пресметки на навивачите на двата тима

Натпреварот е одигран во австрискиот град Еугенфорд, а на теренот немаше никакви инциденти помеѓу играчите. Кога судијата свирна крај настапи општ хаос.

Британските медиуми наведуваат дека група од 100 навивачи на Лидс ја нападнала групата од 700 симпатизери на Ајнтрахт. Еден навивач на Лидс откри дека до нередот дошло кога Германците се обиделе да го искинат и запалат знамето на Лидс.

Германските медиуми истакнуваат дека играчите успеале да го напуштат теренот пред ситуацијата да ескалира и дека сите поминале без повреди.

Натпреварот го доби Ајнтрахт со 2:1.



 

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега