Џаро без да знае за “местенката“ си ќарил 2.500 евра

 

Велибор Џаровски Џаро не знаел за „местенката“ на мечот ОФК Београд – Црвена Звезда, а сепак заработил околу 2.500 евра со популарниот тип 7+, што значи дека погодил голеада од минимум 7 погодоци на мечот. Голема врева се крена во Србија, бидејќи мечот беше чуден и од 2-0 за ОФК Београд, фаворитот Црвена Звезда набрзина направи пресврт во второто полувреме и на крајот победи со 6-2.

„Одиграв на голови 7+, иако немав информација за некаква местенка. Погодив коефициент 33 во една од скопските обложувалници и ќарив 2.500 евра. Наместените натпревари не се само проблем за Србија и за Балканот. Рибата смрди од главата. Погледнете само што прават главните луѓе во ФИФА и во УЕФА и се ќе ви биде јасно“, изјави Џаровски.

Истрага за мечот ОФК Београд – Црвена Звезда најавија и УЕФА и Интерпол, поради енормните уплати на мечот, кој имаше чуден тек и уште почудно однесување на актерите на тој дуел. И патем понуди високи коефициенти за игрите 7+ (од 25 до 35) и за популарниот премин од еден во два, што се вреднува со коефициенти меѓу 20 и 30.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега