Грција: Експлодира возило на Министерството за култура
Возило на Министерството за култура синоќа било кренато во воздух во Атина, соопшти весникот „Вима“.
Возилото се наоѓало во дворот на министерството, во квартот Ексархија, познат по присуството на анархисти.
Според полицијата, непознати лица ја прескокнале оградата и поставиле рачно изработена експлозивна направа до еден паркиран автомобил, што не се користел од институцијата заради дефект.
Експлозијата предизвикала пожар, од кој настрадал уште еден автомобил.
Засега се уапсени две осомничени лица.
ФОТО: Журнал