Цело Скопје денеска е црвено и црно - Вардар пишува историја

 
Вардар вечерва игра голем натпревар, македонскиот шампион ќе се обиде да дојде до резултат против АПОЕЛ кој ќе го однесе во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите кое е чекор до историски пласман во групна фаза од ЛЕ или ЛШ.
 
Но сега целиот фокус е на вечерашниот дуел, Вардарци имаат позитивен резултат од Никозија, 0-0 кои ќе го распродадат стадионот „Филип втори“ и ќе создадат атмосфера како ретко кога.
 
Дефанзивната тактика од Кипар ќе биде променета, Сергеј Андреев вети дека ќе има промени но очекувано не сакаше да ги отвори картите и да го послужи гостинскиот тренер со своите замисли кои ги има за вечерашниот меч.
 
Вардар ќе биде поофанзивен, потребен ќе биде најмалку еден погодок, бидејќи мала е веројатноста мрежите да мируваат и вечерва па победникот да биде одлучуван на пенали. 
 
Анализите велат дека АПОЕЛ игра многу подобро на домашен терен, но тоа не смее да ги залажува фудбалерите на македонскиот шампион. Вардаровите играчи ќе треба во целост да ги исполнат замислите на стручниот штаб, да не дозволат да бидат понесени од атмосферата која ќе се создаде на трибините, со максимален фокус и ладни глави да се добие големиот меч.
 
По ремито без погодоци атмосферата во АПОЕЛ не е на највисоко ниво, кипарскиот тим очекуваше полесна задача, но сега стравува од рана елиминација од фудбалска Европа. Провокациите кои нашите играчи ги доживеаа на гостинскиот терен ќе бидат само дополнителна мотивација да се урне арогантниот противник.
 
Вардар има квалитет, Вардар може на навивачите да им даде натпревар за кој долго ќе прераскажуваат и да закаже меч од следното квалификациско коло од Лигата на шампионите каде што ќе го очекува подобриот од дуелот помеѓу Митјиланд и Линколн

Пред стартот на мечот Скопје гори во позитивна смисла. Освен распродадените северна и јужна трибина, управата на Вардар пушти и карти на источната трибина, а Комити стандардно ќе го наполнат својот дом на западната трибина. 

Вардаровите навивачи се собираат пред Соборниот храм, од каде се најавува спектакуларно кортео до Филип Втори арена. 

Доколку сте љубител на фудбалот не смеете да го пропуштите овој историски меч.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега