Воведен син картон во ракометот

 

Младинското светско првенство во ракомет во Бразил е можност светската ракометна федерација ИХФ да експериментира со некои нови правила. За првпат во историјата на оваа игра е покажан син картон на еден натпревар.
Словенечкиот арбитар Давид Сок покажа два вакви картони во финишот од мечот меѓу Франција и Алжир, и тоа двата на алжирските ракометари Амине Бенаниниба и Софијан Теман.

Сините картони значат не само исклучување на актуелниот натпревар, туку и автоматска суспензија за следната средба, што значи дека Алжир ќе мора да настапи без овие два ракометари на следниот дуел со Аргентина.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега